Твитер профилот на Трамп никогаш не може да биде изгаснат

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Твитер“ вчеравечер го повтори ставот дека светските лидери на оваа социјална мрежа имаат специјален статус, објаснувајќи ги така барањата на одредени корисници кои бараат компанијата да издаде забрана за огласување на претседателот Доналд Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.

– Со блокирање на еден светски лидер или отстранување на неговите контроверзни твитови би се сокриле важни инфомации кои луѓето би требале да имаат можност да ги видат и да дебатираат за нив, пишува во постот на корпоративниот блог на Твитер.

„Твитер“ досега повеќе пати е критикуван поради тоа што не го суспендирал профилот на Трамп по одредени контроверзни постови кои изгледале како сериосно кршење на условите за користење.

Компанијата навела дека неговите пораки се вредни за вестите, колку и да биле навредливи.