Твитер го тужи Илон Маск во обид да го принуди да ја преземе компанијата

Сподели со своите пријатели

Твитер поднесе тужба против милијардерот Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата, објави претседателот на одборот Брет Тејлор.

Loading...

Твитер поднесе тужба во Делавер барајќи од судот да нареди извршување на преземањето според условите договорени со Маск во мај, се вели во тужбата на 60 страници објавена од американските медиуми, пренесува dpa.

„Откако направи јавен спектакл со предлагање, а потоа и потпишување договор за спојување погодна за продавачот, Маск очигледно верува дека, за разлика од која било друга страна што е предмет на законот за договор во Делавер, тој е слободен да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да уништи акционерска вредност и замине“, се наведува во тужбата.

Маск објави дека се откажува од купувањето

Маск во петокот објави дека се повлекува од договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, повикувајќи се на неосновани тврдења дека има многу поголем процент на лажни профили на Твитер од петте проценти што ги тврди компанијата.

Адвокатите на Маск тврдеа дека Твитер не ги исполнил своите обврски според условите од договорот да му ги достави на Маск потребните податоци за да ги потврди бројките.

Твитер го отфрли тврдењето, нарекувајќи го повлекувањето на Маск „невалидно и погрешно“.