Твитер го „блокна“ Трамп, нема да може да објавува ништо

Сподели со своите пријатели

Твитер ги ограничи корисниците да ги споделуваат видеата и твитовите на претседателот Доналд Трамп „поради опасност од насилство“, бидејќи стотици демонстранти упаднаа во Капитол во средата за да го принудат Конгресот да не го потврдува поразот на Трамп.

Loading...

Социјалната мрежа соопшти дека ќе преземе мерки против заканите и сите повици за насилство во согласност со нејзината политика за граѓански интегритет.

Таквите твитови нема да можат да бидат „ретвитувани“, на нив нема да може да се одговори или да се остави „лајк“.

Твитер последователно објави дека на 12 часа го оневозможи Трамп да објавува ништо на својот профил.

Leave a Reply