16.08.2016 11:54

Тутун, цигари и телевизор запленија цариниците на Табановце


Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе oбиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, алкохолни пијалоци, цигари, тутун, автоделови, мобилни телефони, телевизор, облека, козметички средства, опрема за алпинизам и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 70 килограми сецкан тутун и 27 штеки цигари од марките Pall Mall и Ronhill, со македонски акцизни маркички, откриени на железничката станица Табановце, при контрола на празен товарен воз пријавен за излез од државата. Царинските службеници забележале црна кеса која висела од еден од вагоните, по што бил извршен детален преглед и во страничните празнини на подвозјето на вагонот биле откриени повеќе најлонски кеси со цигари и тутун, чиј сопственик е непознат.

 

bfbd

loading...

 

Еден телевизор марка Samsung, откриен при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот телевизор, пронајден во просторот меѓу задните седишта и багажникот на возилото, е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments