Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Сподели со своите пријатели

Иднината на либералната демократија во Европската унија зависи од нејзиниот одговор на миграцијата, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск во пресрет на самитот во Брисел, на кој официјална Варшава ќе ги поддржи повиците за построг пристап за решавање на проблемот со илегалната миграција.

Loading...

Полската влада доцна во вторникот ја одобри новата миграциска стратегија која дозволува привремено суспендирање на барањата за азил, што предизвика негодување кај активистите за права, но популарни кај полските гласачи пред претседателските избори во 2025 година, пишува Ројтерс.

„Иднината на Европа и Полска ќе се решава во оваа област. Единственото прашање е дали тоа ќе го обезбедат десничарските популисти или либералната демократија“, изјави Туск за полскиот весник Газета Виборча.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во лизгање на земјиштето во Суматра, Индонезија, загинаа најмалку 27 луѓе

Во меѓувреме, критикувајќи го планот усвоен од владата, полскиот претседател Анджеј Дуда оцени дека суспензијата на правата за азил на границата со Белорусија нема да ја подобри безбедноста на Полска и предупреди дека тоа ќе им наштети на белоруските дисиденти кои бараат азил.

„Најавите на премиерот (Туск) во последните неколку дена нема да придонесат за обезбедување на нашата граница и ограничување на протокот на мигранти.

Тие ќе ги спречат претставниците на белоруската опозиција да бараат засолниште во Полска“, рече Дуда за време на своето обраќање пред пратениците во полскиот парламент, пренесува Танјуг.