Епицентарот на последниот земјотрес што се случи утринава бил во близина на градот Кахраманмараш на длабочина од 69 километри.
Воздушните снимки над турскиот град Кахраманмараш ги покажаа размерите на разурнувањата, два дена откако неколку силни земјотреси ја погодија југоисточна Турција.
Тешките временски услови и оштетената инфраструктура многу ја отежнуваат работата на спасувачките служби.
Бројот на загинати од земјотресот во Сирија и Турција сега се искачи на повеќе од 9.000 луѓе, додека турските и меѓународните спасувачки тимови ги продолжуваат своите спасувачки активности во погодените региони.
На снимката се гледаат згради претворени во урнатини и центар за помош со шатори на градскиот стадион.
СЗО наведува дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000
Очајот и гневот растат во потрагата по преживеани од земјотресот во Турција и Сирија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.