Турската полиција уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Сподели со своите пријатели

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи.

Loading...

Во понеделникот вечерта повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, пренесува РИА Новости.

Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул, соопшти агенцијата.

Голем број демонстранти синоќа ги блокираа улиците на Истанбул, како дел од протестите кои веќе шеста ноќ траат во Турција, јавува Би-би-си.

Демонстрациите започнаа во Истанбул минатата среда кога градоначалникот Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше приведен под обвинение за корупција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во напад на туристи во Кашмир загинаа 26 лица, 17 се повредени

Судирите со безбедносните сили ескалираа во неделата вечерта, додека полицијата употреби солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите, според британскиот јавен сервис.

Судот во неделата одлучи дека Имамоглу треба да остане во притвор до почетокот на неговото судење за наводна корупција и тероризам.

Имамоглу ги негира обвинувањата.

Loading...