Турнир во ватерполо од денеска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Меѓународен турнир во ватерполо од денеска до 10ти месецов ќе се одржи на затворениот Градски базен во Куманово, во организација на кумановскиот ватерполо клуб.

Loading...

На турнирот ќе учествуваат две екипи од Србија, екипите на Ниш и Лесковац, Локомотив Софија од Бугарија и две македонски екипи, ВК Скопје и ВК Куманово.

Сите клубови ќе учествуваат со по два тим, тим под 14 години и тим до 17 годишна возраст.

Програмата ќе ја збогатат и ветерани на ВК Вардар и ВК Лесковац.

Натпреварите започнуваат денеска во 18:00 часот, во исто време се игра и утре, а завршите се во недела со почеток од 10 часот.

Пред почетокот на натпреварите ќе има ждрепка и ќе се знае редоследот на екипите и меѓусебните противници.

Организатор на турнирот е Ватерполо клуб Куманово, а по повод 500-годишнината од формирањето на градот.Најдобрите екипи на крајот ќе добијат и медали.

Влезот за сите заинтересирани е бесплатен.

Loading...

Leave a Reply