Туркиш ерлајнс ги обнови летовите од аеродромот Хатај

Сподели со своите пријатели

Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс ги обнови летовите од аеродромот Хатај на југот на земјата, чија писта беше оштетена од разорните земјотреси од минатиот понеделник.

Loading...

Јахја Устун, претставник на турската авиокомпанија, најави дека летовите од 13 до 19 февруари ќе бараат претходна резервација за да се олесни процесот на евакуација, јавува Анадолија.

Тој додаде дека патниците без резервации ќе бидат прифатени на летовите доколку има слободни места.

Најмалку 29.605 лица загинаа во Турција во двата големи земјотреси, соопшти вчера Државната управа за вонредни состојби.

Бројот на загинати во земјотресот во Сирија достигна 8.500, изјави директорот на СЗО за итни случаи во регионот на источниот Медитеран, Рик Бренан.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.