15.07.2019 09:00

Туристите огорчени затоа што оваа дестинација воопшто не изгледа како на фотографиите (ФОТО)


Туристите трчаат кон „Вратите на рајот“, но кога ќе дојдат до храмот сфаќаат дека тоа нема никаква врска со фотографиите од Инстаграм.

Дотерувањето на фотографиите со помош на апликации и филтри некогаш може да отиде предалеку, а тоа е токму случајот со дестинацијата во Индонезија.

loading...

Имено, илјадници туристи допатувале во Карангасем на Бали за да направат идеална фотографија во познатиот храм Лемпијанг, кој уште го нарекуваат „Вратите на рајот“.

View this post on Instagram

“What’s a King to a God?” 🙏🏽

A post shared by Pomp (@pompglobal) on

Туристите тука саакт да направат фотографија која често се гледа на социјалните мрежи, лицето стои во средината на храмот, а во водата се рефлектира целата глетка, со што се создава навидум бесконечност.

Меѓутоа, кога ќе дојдат до храмот набргу сфаќаат дека водената површина ја нема никаде и дека целата глетка е измислена на Инстаграм. Не само што со филтрите е просвелтено секогаш магловитото небо, туку додаваат огледало под телефонот за да се добие впечаток на отсјај во вода.

Приказната да биде уште посмешна, редовите под храмот се предолги, па луѓето често чекаат и со часови за да направат лажна фотографија за Инстаграм.

фото: printscreen/youtube/The Guest Quest

– Храмот е убав, но ниту одблизу на она што може да се види на Инстаграм. Ужасно сум разочаран, коментирал еден турист на TripAdvisor додека друг посоветувал дека не се исплати „да се губи цел ден на преубавиот Бали поради една фотошопирана фотографија од Инстаграм“.

Фото: printscreen/youtube/The Guest Quest

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments