ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА: Розовите езера во Мексико (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лас Колорадас е место кое се наоѓа во срцето на полуостровот Јукатан, во Мексико.

Loading...

Специфичноста на оваа област, што ја прави главна туристичка атракција на многу авантуристи, се рефлектира во бојата на нејзините езера, кои имаат розов пигмент.

 

 

Малото рибарско село Лас Колорадас може да се пофали со розова лагуна, опкружена со насипи со бела сол.

Ова место припаѓа на најголемата област на мочуриштата на мексиканскиот полуостров Рио Лагартос.

Розовата боја на езерото доаѓа од голем број микроорганизми, кои имаат изразен црвен пигмент и зачудувачки количини на посебен вид ракчиња – Артемија.

Loading...

 

 

Слични сцени може да се видат во соленото езеро Којаскоје на Крим, како и во некои области долж брегот на Австралија.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *