Турција воведе претседателски систем на управување

Сподели со своите пријатели

Турција денеска официјално премина од парламентарен на претседателски систем на управување со полагање заклетва на претседателот Реџеп Таип Ердоган кој рече дека неговото преземање на мандатот ќе биде корисно не само за Турција туку и за целото човештво.

Ердоган во обраќањето пред Претседателската палата во Анкара по повот инаугурацијата за претседател рече дека е свесен дека е претседател не само на своите приврзаници, туку на 81 милиони граѓани на Турција. Ердоган издази надеж дека неговото преземање на мадатот во рамките на нов претседатлски систем ќе биде корисно не само за Турција туку и за човештвото, пренесува Анадолија.

– Господе, нека чесното патување на кое се впуштивме денеска биде корисно за Турција, нашиот народ и човештвото. Ќе се обидеме да бидеме корисни за нашата земја, свесен сум дека не сум претседател само на своите прврзаници туку и на 81 милион Турци. Ќе ја засилиме Турција во сите области, вклучително и одбанбената индустрија и безбедноста на границите. Турција во следниот период ќе напредува во сите боласти, вклучително и демократијата, основните права и слободи, економија и  големите инвестиции. Константно ќе развиваме и унапредуваме нов систем на управа, рекол Ердоган.

Турција зад себе остава систем кој земјата ја „чинеше“ во политичка, социјална и економска смисла, рекол Ердоган.

Ердоган денеска положи свечена заклетва за мандат како прв претседатле на Турција со претседателски систем на управување.

Leave a Reply