Турција: Во Црното Море има гас за 30 години

Сподели со своите пријатели

Црноморските резерви на гас што ги откри Турција би можеле да ги покријат потребите на земјата во следните 30 години.

Loading...

Ова го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез и додаде дека изградбата на фабриката за преработка на гас е речиси завршена.

„Очекуваме првата фаза од производството на гас во Црното Море да започне во март“, изјави Донмез за каналот ТВНЕТ.

Тој посочи дека сегашните резерви на гас во Црното Море ги покриваат потребите на Турција за следните 30 години, а со новоистражените наоѓалишта тој период ќе биде уште подолг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Донмез истакна дека инфраструктурата за транспорт и складирање на гас што постои и се гради во Турција е наменета да се користи најмалку 50 години, пренесе ТАСС.