Страшен земјотрес го погоди југот на Турција рано утринава околу три часот по локално време, кој зад себе остави пустош, мртви, ранети и голем број од оние кои останаа затрупани под куп урнатини и бетон.
Епицентарот, како што е соопштено, се случил на 3 километри од градот Газинтепе на длабочина од 10 километри.
Првиот земјотрес беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот што следеше час, час и половина подоцна беше со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.
The City of İskenderun in Southern Turkey has suffered some of the most Severe Damage caused by the Earthquake, there are reports that Fire and Rescue Crews are unable to get to many parts of the City with 100s if not 1000s of people expected to still be under collapsed buildings pic.twitter.com/kMV2hgEBXZ
— OSINTdefender (@sentdefender) February 6, 2023
Како што снимиле луѓето кои случајно се нашле на улица со камерите на телефонот, прво се слушнал силен татнеж, а потоа сѐ започна да се тресе и да се урива, зградите паѓаа исто како кули од карти.
Првите прелиминарни податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради. Уривање на згради е евидентиран и во Шрија, но засега нема детални информации за тоа.
Кога осамна утрото, обемот на уништувањето предизвикано од земјотресот на југот на Турција беше прикажано како ужасни слики како да е апокалипса по бомбардирањето. Во некои градови, цели згради се ретки, додека повеќето се урнати и срамнети со земја.
Освен Газинтеп, најлошо настрада и градот Искендерум, каде што буквално беа урнати и срамнети со земја повеќето згради.
Има информации дека пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се мери во илјадници.
Третиот град кој претрпе страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција е Кахраманмарас.
Утрото, по два силни удари, зградите изгледаа како градот да претрпел страшни разурнувања во ноќното бомбардирање.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи укажуваат дека во самиот град речиси и да нема цела зграда.
Преживеаните шетаат по улиците на дождлив ден и немо ги набљудуваат срушените згради под кои има голем број луѓе, пријатели, роднини и членови на семејството.
Footage of the immense damage in the turkish city of Kahramanmaraş following tonights earthquake.
— Faytuks News Δ (@Faytuks) February 6, 2023
Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата и е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.