Турција ќе предложи продолжување на договорот за украинското жито за уште една година, до ноември 2023 година, јавува турскиот Си-Ен-Ен.
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар зборуваше за плановите на Турција за продолжување на непречено функционирање на коридорот за жито.
„Рековме дека на едната страна е конфликтот, а на другата хуманитарните услови. Украина ѝ даде писмена гаранција на Русија преку Турција. Ќе понудиме продолжување на договорот за уште една година“, рече Акар, пренесува турскиот CNN.
Русија неодамна изјави дека, и покрај враќањето на договорот за жито, се уште не е донесена одлука за ноемвриското продолжување.
На 29 октомври Русија го суспендираше учеството во Истанбулските договори поради нападот на нејзините бродови во Севастопол. Но, таа се врати на договорот на 2 ноември.
Тогаш руското Министерство за одбрана изјави дека Русија наводно добила писмени гаранции од Украина за некористење на коридорот за жито.
Оваа изјава подоцна беше демантирана од Министерството за надворешни работи на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.