Турското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека повторно избувнал пожар во пристаништето Искендерун на југоистокот на земјата, кој бил изгаснат претходниот ден.
Loading...
Во гаснењето на пожарот учествуваат авион и хеликоптер, јавува Ројтерс.
Сообраќајот во пристаништето Искендерун е во прекин поради пожарот, кој настана како последица на разорниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Турција.
Министерството за одбрана на Турција претходно соопшти дека пожарот во Искендерун бил изгаснат во вторникот вечерта.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.