Турција објави дека се убиени 174 терористи

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Турција соопшти денеска дека 174 „терористи се неутрализирани“ во претходната воена операција во Сирија, осврнувајќи се на сириските курдски борци.

Loading...

Министерството на Твитер соопшти дека 19 наводни борци биле убиени во бомбардирањето на засолништето на Курдските единици за заштита на народот (ПКР) во Рас ал-Аин.

Доставените бројки не може да бидат независно проверени.

Турција ги смета YPG за терористичка организација поврзана со курдските бунтовници во Турција и вчера започна нова офанзива против нив, оправдувајќи ја со националната безбедност.

Leave a Reply