Турција нема да го признае пристапувањето на украинските региони кон Русија

Сподели со своите пријатели

Турција нема да ја признае анексијата на Доњецката и Луганската Народна Република, регионите Херсон и Запорожје кон Руската Федерација, како што никогаш не ја призна анексијата на Крим, изјави денеска од Токио турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Loading...

„Нема да ја признаеме анексијата на Крим и за ова ја информиравме Русија. Ја изразивме нашата загриженост за референдумот во Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон и јасно ставивме до знаење дека нема да ја признаеме анексијата на украинските региони со Русија“, предупреди шефот на турската дипломатија на својот Твитер профил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: На Зеленски не се потребни граѓаните на Украина