Турција ја повика Шведска да преземе мерки ако сака да влезе во НАТО

Сподели со своите пријатели

Новата шведска влада сега треба да одговори на безбедносните грижи што ги покрена Турција во замена за укинувањето на ветото за членството на Шведска и Финска во НАТО, изјави во средата турскиот министер за надворешни работи.

Loading...

Двете земји поднеле барање да се приклучат на безбедносната алијанса како одговор на руската инвазија на Украина, но, како што потсетува Ројтерс, се соочиле со противење од Турција, која ги обвинува за воведување ембарго за оружје на Анкара и за поддршка на групи што ги смета за терористички.

Турција го повлече своето вето за време на самитот на НАТО во јуни во замена за, како што рече, конкретни придобивки по ова прашање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Сепак, Анкара вели дека оттогаш нордиските земји не ги направиле посакуваните чекори.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на брифинг со новинарите рече дека Турција не очекува Шведска да преземе чекори пред изборите минатата недела, но сега останува на следната влада во Стокхолм да дејствува по ова прашање.

Трите земји го потпишаа договорот

„Тие знаат дека овој договор нема да биде одобрен од (турскиот) парламент ако не преземат (чекори)“, рече тој.

Десничарската опозициска партија во Шведска има тесно водство пред владејачкиот блок од левиот центар додека пребројувањето на гласовите се приближува кон крајот.

Трите земји потпишаа договор за укинување на ветото на Анкара во замена за ветувањата за борба против тероризмот, но Турција рече дека ќе ги блокира кандидатурите за членство доколку не се исполнат ветувањата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Таа побара екстрадиција на 73 лица од Шведска и десет од Финска.

Официјални лица од трите земји се согласија во август да продолжат да се состануваат во наредните месеци за да разговараат за загриженоста на Турција.

„Постои договор и барањата од овој договор се јасни. Тие мора да се исполнат“, рече Чавушоглу.