Турција испраќа хуманитарна помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина за да и помогне да ја преживее тешката зима, соопшти кабинетот на Ердоган по неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

– Во текот на разговорот, претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да работи на задоволување на хуманитарните потреби на украинскиот народ во претстојните тешки зимски месеци, се наведува во соопштението кое го пренесе ТАСС.

Во соопштението се додава дека Ердоган и Зеленски разговарале и за последните случувања поврзани со војната во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.