Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот беа спасени во првите три дена, изјави за АФП Илан Келман, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„Генерално, земјотресите не убиваат луѓе, уривањето на инфраструктурата убива луѓе“, рече Келман, додавајќи дека најважниот фактор е давање медицинска помош на луѓето згмечени под срушените згради пред нивните „тела да пропаднат или да искрварат“.
„Времето е исто така клучен фактор и е целосно против нас во Турција и Сирија“, рече Келман.
Регионите погодени од земјотресот ги погодуваат ниски температури, но и дожд и снег.
„Ова за жал значи дека е можна хипотермија, а луѓето веројатно умираат поради временските услови, за жал. На оние кои го преживуваат студот и повредите им треба храна и вода. „Без вода, многу луѓе ќе почнат да умираат во рок од три, четири, пет дена“, рече Келман.
Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надмина 17.000
Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 17.000, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека бројот на загинати во земјата се искачи на 14.014.
Ердоган рече дека во катастрофата се повредени уште 63.794 лица, а уништени се 6.440 згради.
Тој денеска при посетата на Газиантеп, една од покраините погодени од земјотресите на југот на земјата, рече дека од денеска ќе стапи во сила вонредната состојба во десет провинции погодени од земјотресот, пренесува Си-Ен-Ен.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.