Тунис добива 100 милиони евра помош од Европската унија

Сподели со своите пријатели

Властите на Тунис најавија дека африканската земја ќе добие 100 милиони евра од Европската унија за помош на националниот буџет.

Loading...

„Парите ќе бидат искористени за ублажување на последиците од пандемијата на корона вирусот и поддршка на економијата“, се вели во соопштението на Министерството за економија и планирање на Тунис, пренесе Анадолија.

Новинската агенција ТАП објави дека договорот ќе биде потпишан денеска.

На почетокот на овој месец, северноафриканската земја постигна прелиминарен договор со Меѓународниот монетарен фонд за пакет помош од 1,9 милијарди долари што би можел да биде финализиран во декември.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртни закани до италијанската премиерка и нејзината ќерка