Трудница заминала на преглед, а она што лекарот го видел на ултразвук го шокирало! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ребека Робертс (39) имала близнаци кои се родиле на ист ден, но биле зачнати со разлика од три недели.

Loading...

Нивните имиња се Розали и Ноа и тие се производ на редок феномен наречен суперфетација.

Близнаците на Ребека се само еден од 14-те примери некогаш родени во светот.

Забременила додека веќе била бремена во 3 недела и родила здрави близнаци. Ребека открила дека очекува близнаци, но дека едното бебе е помладо од другото и тоа точно три недели.

Во светски рамки, само 13 случаи на суперфетација биле регистрирани пред раѓањето на Розали и Ноа во септември минатата година.

Ребека изјавила дека има емотивна вртелешка затоа што имала чувство дека лекарите се обидуваат да докажат дека нешто не е во ред со еден од близнаците бидејќи суперфетацијата е многу редок и необичен феномен.

 

Loading...

Таа и нејзиниот партнер Рис Вивер откриле дека ќе добијат бебе во февруари минатата година, пред првото заклучување на Велика Британија поради пандемијата.

– Тие ми понудија рано снимање во седум недели и Рис можеше да присуствува бидејќи во тоа време болниците беа отворени. Го видовме нашето мало бебе кое беше многу ситно и мало. Ни рекоа дека чекаме едно дете. По неколку недели, направив преглед и ултразвук во 12-та недела од бременоста. Во тоа време, на Рис не му беше дозволено да биде во болница затоа што започна карантин – вели Ребека.

Оваа мајка од Троубриџ во округот Витшир во Англија доживеала шок кога ѝ рекле дека очекува близнаци, но работите станале уште поневеројатни.

– Беше многу очигледно дека едниот близнак е многу поголем од другиот. Меѓу нив имаше разлика во големината од три недели. Тие не можеа да разберат што се случува и зошто разликата во големината е толку голема. После бројни прегледи, специјалист за близнаци од болницата дошол до заклучок дека повторно сум имала овулација. Во основа сум забременила додека бев бремена – рекла Ребека.

 

Тие биле многу изненадени од она што го слушнале, а потоа Ребека отишла дома и го побарала на интернетот поимот суперфетација.

На парот му било кажано дека овој феномен е многу редок и дека има само 13 од нив во целиот свет. Ребека има и ќерката Самер (14) од претходната врска и сите биле загрижени затоа што некои лекари не биле сигурни дека дијагнозата е добра.

Loading...

Тие биле загрижени дека нешто не е во ред со помалото бебе или дека не се развива правилно.

– Се чинеше како да се обидоа да докажат дека нешто не е во ред, тие беа убедени дека не станува збор за суперфетација. Нашиот свет се сруши, јас воопшто не можев да уживам во бременоста, сите работи во кои треба да уживате ги немаше. Беше многу, многу страшно. Тоа беше период на постојани подеми и падови. Кога докторот ни рече дека не смета дека станува збор за суперфетација, тоа навистина нè погоди – рече таа.

 

Лекарите забележале дека има проблем со папочната врвца на близнаците, па Ребека била примена на царски рез во 33-та недела од бременоста.

Близнаците се родиле на 17 септември. Ноа е роден со 2,1 кг, а Розалија со 1,1 кг. Бебињата ги поминале првите две и пол недели од животот одделени, бидејќи Ноа бил во болницата Бат, а Розали била однесена во Бристол за посебна грижа, па мајката и таткото морале да делат време помеѓу своите две бебиња во одделни градови.

Две недели подоцна, малата Розали била пренесена назад во Батската болница за повторно да се сретне со нејзиниот брат Ноа. Ноа поминал три недели и три дена на неонатална интензивна нега, а Розали поминала 95 дена таму пред конечно да и биде дозволено да оди дома непосредно пред Божиќ.

До неодамна, нивните родители избегнувале да разговараат со пријателите и поширокото семејство за нивното раѓање, и кога конечно се увериле дека бебињата се добро. Ребека сега ги документирала своите близнаци зачнати со суперфетација на нејзината страница на Инстаграм каде споделува слики и вести за нив.

Loading...

 

– Бевме премногу исплашени да кажеме нешто. Ние го информиравме само потесното семејство и бевме многу внимателни само затоа што се плашевме дека нешто ќе се случи. Сепак, нешто добро излезе од 2020 година. Тоа е најфасцинантното и најневеројатно чудо што ни се случи. Се чувствувам многу среќно. Нашата пријателка рече дека Розли се борела за своето место во светот и дека тоа е знак дека требало да биде тука – заклучила мајката на три деца.

Leave a Reply