Крадец прегазил трудница од Алабама кога влегол во нејзиниот автомобил на бензинска пумпа.
Loading...
Жената застанала на бензинската пумпа, а потоа влегла во продавница да купи пијачка, но кога се вратила видела маж во нејзината „хонда“.
Крадецот почнал да бега, а додека трудницата сакала да го спречи, се нашла на хаубата, по што паднала од возилото.
Таа успеа да стане и да му покаже среден прст. Според медиумите, таа е во стабилна состојба, но се пожалила на болки во грбот.
Мажот се уште не е уапсен.