Трудница и нејзината мала ќерка извлечени од урнатините по 115 часа (VIDEO)

Сподели со своите пријатели

Пет дена по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција во раните утрински часови во понеделникот, приказните за чудесни спасувања од урнатините на зградите сè уште пристигнуваат.

Loading...

Бремена жена и нејзината мала ќерка беа извлечени од урната зграда во турскиот град Газиантеп 115 часа по земјотресот.

Имаше извештаи и за неколку луѓе кои беа спасени во областите погодени од земјотресот во Турција по 110 часа – меѓу кои и еден тинејџер.

На видеото на германската организација за вонредни состојби, наводно, се гледа како девојчето е извлечено живо од урнатините во Кахраманмарас откако било заробено повеќе од 110 часа.

Турската фондација за хуманитарна помош објави и видео на кое се гледа како маж е пренесен од урнатините во блиската амбуланта.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.