Тротоарите во Куманово се прилагодуваат за лицата со инвалидитет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тротоарите во Куманово се прилагодуваат за лицата со инвалидитет и затоа дел од нив се раскопани.

Loading...

Дел од граѓаните реагираа зошто се наоѓаат во таква состојба, а како што рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, таквите реакции стигнале и до него.

– Знам дека реагираат граѓаните, тие реакции стигнуваат и до мене, но спроведуваме проект за спуштање на тротоарите како би им овозможиле и на лицата со одреден инвалидитет да ги користат истите и тоа е проект согласно одлуката која беше донесена во годишната програма за работа, рече Димитриевски.

 

 

Имплементацијата е започната, но временските услови го кочат процесот, појаснува тој.

– Почнавме со имплементација, но временските услови како што гледате еден ден врнежливо, еден ден сончево, не дозволуваат да се работи континуирано. Ние започнавме со овој процес имаме намера да го завршиме до крај. Не градиме нова инфраструктура, туку правиме санација и реконструкција на постоечките тротоари и нивна адаптација за користење на лица со инвалидитет. Некаде за тоа постојат реални можности да се реализира, некаде за жал мора и да се импровизира, но се со цел да им го овозможиме животот на овие наши сограѓани полесен, да можат секојдневно да учествуваат и тие во јавниот живот, изјави градоначалникот.

Loading...

Постојат сериозни пречки во постоечката инфраструктура за граѓаните со инвалидитет, вели градоначалникот. Новата која се прави е прилагодена и за ваквата категорија граѓани, но старата не била адаптирана и сега мора да се импровизира.

Никола Ивановски

Leave a Reply