Тромблонска моментна мина пронајдена во двор на жител од село Матејче

Сподели со своите пријатели

Тромблонска моментна минавчера била пронајдена во двор на жител на селото Матејче, Општина Липково, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Дворното место и куќата биле во сопственост на М.И. кој бил на привремена работа во Швајцарија, а случајот бил регистриран вчера околу 12:30 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово, а од страна на пиротехничар мината била безбедно подигната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.