Тројцата новозаболени се од Скопје

Сподели со своите пријатели

Тројцата новозаболени кои се потврдени денеска до 12 часот се од Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Loading...

Станува збор за брачен пар кој патувал во Бугарија, додека третиот случај е маж од Скопје кој не патувал, но имал гости од Србија кои најверојатно биле заболени, па затоа се контактираат и српските власти.

-Пациентите се од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестови на членовите на семејството. Понатаму сопружници кои престојувале во странство и дошле во нашава земја пред неколку дена. Вчера член на семејството ги донел материјалите на Клиниката Жан Митрев каде дале позитивни резултати, информира Филипче.

Сите тројца биле во домашна изолација, но сепак се тестираат членови на семејството на заболениот маж.

Првиот пациент е на Инфективна клиника, сопружниците се на домашно лекување и ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести во текот на денот.

-Вчера имаше уште една пациентка тоа е патничката од Холандија, веќе се во текот интервјуа со сите сопатници кои патувале со истиот авион кој слетал од Виена. Бевме контактирани и од австриската амбасада и ги дадовме сите потребни информации, рече Филипче.

Вкупната бројка на заболени во нашата земја сега е 26. Од нив 17 се во Скопје и 9 се во Дебар.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply