Тројца тинејџери од Куманово приведени поради тепачка во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Тројца тинејџери од Куманово биле приведени вчера под сомнение дека со метален предмет физички нападнале две лица во угостителски објект.

– На 29.10.2025 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.В.(18), Т.С.(18) и Б.Б.(18), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на  28.10.2025 во угостителски објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово физички и со метален предмет ги нападнале М.В.(21) и М.Р., двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните