Тројца приведени по тепачка кај Соколана

Сподели со своите пријатели

Три лица биле приведени по меѓусебна физичка пресметка која вчера попладне се случила на улицата „Народна револуција“ во близина на паркот Соколана.

– На 22.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Ф.М. (43), В.М., (27) и Р.М. (29), сите од Куманово, постапувајќи по пријава дека на улицата „Народна револуција” во Куманово со тврд предмет го нападнале Т.Б.(45) од Куманово, кој пак со остар предмет го повредил Р.М., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово одбележан Денот на македонската револуционерна борба (ФОТО)

Никола Ивановски