Три лица се повредени, од кои едно потешко при судир на два автомобили и мотоцикл во населбата Ѓорче Петров во Куманово.
– На 02.06.2025 околу 21.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т. и Е.С., констатирани во болницата во Куманово.
– Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски