Три лица се повредени, од кои едно потешко, при судир на „мерцедес“ и „цитроен“ на локалниот пат село Пчиња – Куманово.
– На 03.11.2025 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Пчиња-Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К.(23) од с.Пчиња и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото возило „мерцедес“, Ф.Р.(28) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

