Три лица се повредени, од кои едно потшеко, откако вчера возило „опел астра“ излетало од регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
– На 25.02.2021 во 16.20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски