Тројца мажи во Британија обвинети за планирање терористички напад

Сподели со своите пријатели

Тројца мажи се обвинети за планирање терористички напад по истрагата за „активности на екстремната десница“, соопшти британската полиција.

Loading...

Полицијата за борба против тероризмот (CTPNE) известува дека Броган Стјуар од Лидс (24), Марко Пицету од Дерибје (24) и Кристофер Рингроуз од Канок (33) се обвинети за подготовка на терористички чин.

Нивното судење ќе се одржи денеска во судот во Вестминстер, пренесува Sky News.

Лицата беа уапсени на 20 февруари.

Домовите на тројцата мажи беа претресени како дел од планираната истрага што беше поттикната од информациите собрани од разузнавачите.

Четвртиот човек од Лестер беше ослободен без обвинение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Бернард Арно? Најбогатиот човек во светот и крал на луксузна империја!

Минатата недела им беше продолжен притворот, соопшти полицијата.