Тројца кумановци предложени за заменици министри

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Северна Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.

Loading...

Меѓу предложените заменици има тројца кумановци.

Доскорешниот министер за за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе ја извршува функцијата заменик во истата институција.

Зоран Маневски ќе биде заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија, а  Илир Хасани за заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за здравство;.

Во продолжение и нивната биографија.

Трајан Димковски

 

Loading...

 

Трајан Димковски, е роден на 8 ноември 1967 година во Куманово. Тој е дипломиран земјоделски инженер, а дипломата ја стекнал на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Од март 2019 година Димковски е раководител на Сектор за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од јуни 2017 до изборот за раководител на овој Сектор бил шеф на кабинет на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Додека ја извршувал функцијата раководител на Секторот за рурален развој, учествувал во подготвување  годишни програми, планирање и нивно спроведување. Целиот свој професионален век тој работи на позиции поврзани со земјоделството.

Претходно бил и посебен советник на Николовски, кога тој беше дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада пред парламентарните избори.

Димковски ја извршувал и функцијата Извршен директор во Федерацијата на Фармери во Република Македонија, координатор на проект за поддршка на земјоделски здруженија, SAFARM2, како и менаџер на здружение на земјоделски производители-Куманово.

Зоран Маневски

 

Loading...

 

Зоран Маневски е роден 1957 година во Куманово. Тој е дипломиран економист, а во својата кариера работел како Државен советник во Министерство за транспорт и врски, помошник директор во ЈП Чистота и Зеленило-Куманово, Државен секретар во Министерство за економија,  Раководител на финансиско-комерцијален сектор во ЈП Водовод – Куманово, Советник во Совет на Општина Куманово, Член на Комисија за урбанизам и градежништво при Совет на општина Куманово, Член на Комисија за финансирање и буџет при Совет на општина Куманово.

Неговата последна функција беше во Министерството за транспорт и врски како Државен секретар.

Илир Хасани

 

 

Loading...

Д-р Илир Хасани е роден на 23.05.1977 година во Куманово, каде завршил основно и средно образование. На Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се запишал во учебната 1994/95 година, а дипломирал во 2001 година, со среден успех 8,8.

По завршениот задолжителен лекарски стаж се вработил во Приватната здравствена установа „Зана“ како доктор по општа практика. Од 2003 година волонтирал на Клиниката за трауматологија во Скопје, каде што бил активно вклучен во секојдневната практика. На Клиниката за трауматологија се вработил во 2004 година. Со звањето специјалист по општа хирургија се здобил на 27.6.2008 година.Во 2006 бил избран за помлад асистент, во 2011 за асистент, а во 2015 година бил избран за асистент-докторанд на Медицинскиот факултет по предметот хирургија.

Од 2009 до 2010 ја вршел функција в.д. директор на Клиника за ортопедски болести при Клинички центар-Скопје . Во 2009 година бил избран за национален преставник на Здружениот медицински комитет при НАТО силите. Во Јуни 2010 година бил именуван за заменик кординатор на хируршки клиники со Ургентен центар, КАРИЛ и Клиника за ортопедски болести.

Во периодот од 2011 до 2017 година ја имал функцијата раководител на Ургентниот хируршки центар каде максимално придонесува кон организирање на ургентната служба, ургентното дијагностицирање и ургентното згрижување на акутно хируршки болни во нормални услови и во услови на масовни случувања. Од 2017, e именуван за в.д директор на ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје. Во 2017 бил именуван за Национален советник на Министерот за здравство.

Во Март 2018та, ги заврши докторските студии по пбласта Трауматологија на Коскено-зглобниот систем на Медицинскиот Факултет во Скопје.

2018та година ја заврши и субспецијализацијата по трауматологија, со што стана субспецијалист Трауматолог.

Loading...

Има учествувано на повеќе конгреси, симпозиуми и други стручно-научни собири од меѓународен и од национален карактер како поканет предавач и е автор и коавтор на повеќе трудови кои се рецензирани во списанија и билтени на конгреси и симпозиуми.

Одлично го познава англискиот јазик, со меѓународно признат сертификат од универзитетот во Кембриџ. Има познавање на германскиот јазик и поседува исклучителни компјутерски вештини.

Член е на Македонското лекарско друштво, Македонското друштво на ортопеди и трауматолози, Ao Alumni association, AO Spine Association, Црвениот крст на РМ и активен член на SICOT (Société Internationale de Chirurgie Orthopédique et de Traumatologie).

Никола Ивановски

Leave a Reply