Тројца бегалци со сериозни здравствени проблеми префрлени во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Според информацијата добиена од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, од прифатниот бегалски центар Табановце,  тројца бегалци поради сериозни здравствени проблеми од дежурната екипа на Здравствен дом се префрлени во Општа Болница Куманово .

Loading...

12278918_1519633225021270_4216216699581761148_n

Инаку во ТПЦ Табановце, во изминатото деноноќие биле ангажирани повеќе невладини и хуманитарни организации , за делење храна, топли напитоци и облека.

Исто така преземени се мерки за сместување односно згрижување на мајки со мали деца на кои им се делени основни средства (пелени ,млеко и храна за бебиња).

Како што информираат од РЦУК, полициските службеници од Гранична полиција и СВР Куманово преземаат безбедносни мерки за обезбедување на ТПЦ како и регистрација на мигрантите.

Во меѓувреме, од страна на Министерството за труд и социјална политика се ангажирани вкупно три лица (вработени по договор и истите се без претходно работно искуство) кои се распоредени во 3 смени во текот на 24 часа.

Воглавно сите бегалци и мигранити кои пристигнаа во изминатото деноноќие, беа прифатени и сместени во привремените објекти на ТПЦ, информираат од Реигоналниот центар за управување со кризи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.