Тринаесет села во Куманово без електрична енергија

Сподели со своите пријатели
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, од 14 часот, дека поради дефект на електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија биле 13 села во Кумановскиот регион и тоа: Жегљане, Степанце, Арбанашко, Дејловце, Цветишница, Малотино, Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Градиште и Мургаш.

Како што информира портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевскидо дефектот дошло поради палење на изолатори на две трафостаници кои го снабдуваат овој регион со електрична енергија. Екипита на ЕВН Македонија веднаш излегле на терен и по интервенција од половина час снабдувањето е нормализирано.