Трикови како да ги отстраните дамките на гардеробата направени од дезодоранс

Сподели со своите пријатели

Некогаш поради брзината, а некогаш поради тоа што не размислуваме премногу, на облеката останува дамка од дезодоранс, особено ако ги користите оние против потење.

Остануваат дамки кога набрзина ставаме дезодоранс и веднаш се облекуваме. За среќа, ваквите свежи бели дамки лесно се отстрануваат со помош на малку детергент за миење садови, велат експертите.

Постапката е следна – потопете мала крпа во ладна вода и исцедете ја. Ставете му неколку капки детергент, но не претерувајте за подоцна да не добиете дамки од детергент. Нежно тријте ја дамката за да создадете пена. Нежно тријте се додека дамката од дезодоранс не исчезне. Потоа исплакнете ја крпата и избришете ја облеката со неа за да ги отстраните остатоците од детергентот.

 

 

Доколку сакате веднаш да го облечете тоа парче, воздржете се од сушење на влажниот дел со фен. Никогаш не третирајте парче облека извалкано со дезодоранс со топол воздух или пегла. Комбинацијата од хемиски остатоци и топлина може да ја уништи ткаенината.

Отстранување на стари дамки од дезодоранси

Антиперспирантите може да се акумулираат на облеката, особено ако редовното перење не ги отстранува сите честички залепени на ткаенината. Детергентот за миење садови помага и овде, но постапката е нешто поинаква.

Детергентот се нанесува директно на сувата дамка и нежно се трие со стара четка за заби пред миење. Можеби ќе треба да ја повторите оваа постапка неколку пати пред да исчезне т дамка.

На пазарот има специјални средства за отстранување дамки, но пред употреба, проверете дали можете да ја третирате ткаенината со неа за да не ја уништите. Ако на етикетата на облеката пишува дека е можно само хемиско чистење, тогаш заборавете на чистење со купени средства.

 

 

Исто така, доколку облеката може да го „издржи“ купениот отстранувач на дамки, задолжително следете ги упатствата и не држете ја на дамката подолго од наведеното. Конечно, измијте ја облеката во топла вода, пренесува 24сата.

Најчести грешки при нанесување на дезодоранс

Британскиот доктор Даун Харпер предупреди на најчестите грешки кои луѓето ги прават при нанесувањето на дезодорансот, што резултира со намалена ефикасност во заштитата од создавање на непријатни мириси.

Нанесувањето веднаш по туширањето е грешка која ја прават многу голем број луѓе, бидејќи некако е логично сите да ставаме дезодоранс после туширање, но всушност нема логика во тоа. Имено, влажната кожа речиси и не впива ништо, особено дезодоранс, па најголемиот дел всушност завршува на облеката.

Исто така, д-р Харпер советува да нанесувате дезодоранс навечер, а не наутро, веднаш по будењето, бидејќи тоа има подолготрајно дејство.

Таа напоменува дека треба да почекате дезодорансот да се исуши на кожата по нанесувањето, па дури потоа да почнете да се облекувате. Исто така, не треба да го користите секој ден.

Всушност, д-р Харпер тврди дека е доволно да го ставате еднаш или двапати неделно, пренесува Independent.