Тригодишно девојче почина пред градинка, воспитувачките го заборавиле на студот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тригодишно девојче починало како последица на премрзнување откако учителките во една московска градинка го заборавиле по играњето во дворот, пишува „Дејли мејл“.

Несовесните воспитувачи, се сетиле дека го заборавиле девојчето дури по два часа.

Телото на малата Захра Рзаева било пронајдено под висок нанос снег. температурата цело време била околу пет степени од нулата.

Отворена е истрага и сите од установата се испрашани. Родителите на трагично преминатото девојче не биле во состојба да даваат изјави.

Нивниот пријател рекол дека од училиштето им рекле дека не е вистина оти девојчето толку долго било надвор на студот.

– Така слушнав, но не знам што точно се случило. На инспекторите е да дознаат, рекол тој.

Засега нема официјални изјави од градинката.

https://youtu.be/NNxAGaPTJFU

Loading...

Leave a Reply