Трибина на Форум на жени на СДСМ Куманово утре во МКЦ „Козјак“

Сподели со своите пријатели

„Женскиот активизам и борбата против родовото базирано насилство“ е темата на која утре трибина ќе одржи Форумот на жени на СДСМ од Куманово.

Loading...

На трбината говорници ќе бидат Мила Царовска од СДСМ, како и Елена Димушевска од Мрежата за борба против семејно насилство, додека модераторот на трибината е Маринела Тушева.

Трибината ќе започне во 19 часот во просториите на Македонски културен центар „Козјак“.