Три училишта од Куманово дел од проектот „Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан“

Сподели со своите пријатели

Во петок, 13 мај, во Клубот на пратеници во Скопје беше одржан семинар за промоција на Регионалниот проект “Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан“.

Loading...

 

 

На семинарот се обратија министерот за образование и наука, Јетон Шаќири,  францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, директорот на Францускиот институт во Скопје Иго Бештел, координаторката на проектот  Љупка Димова, советничката за настава по фрацуски јазик во Бирото за развој на образованието, Кети Димковска, претседателката на Здружението на професори по француски јазик во земјава Јулијана Јозиќ, како и  неколку градоначалници.

 

 

Loading...

Проектот е конципиран од шест земји од регионот (Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина) и е финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи во рамките на солидарниот фонд за иновативни проекти (FSPI). Проектот е во корелација со планот за францускиот јазик и повеќејазичноста, претставен од страна на Претседателот на Републиката, г-динот Емануел Макрон, во март 2018, кој што дефинира стратешки цели околу три главни приоритети: поддршка на образовните системи, развој на француската настава и зајакнување на наставата на француски јазик преку поддршка на франкофонското билингвално образование.

 

 

Главните цели на овој регионален проект чии што директни корисници се учениците, се: обезбедување доволни причини за ориентирање на учениците кон францускиот преку модернизирање на сликата за францускиот јазик, вмрежување на главните франкофонски чинители и промовирање на францускиот јазик како корисен јазик за кариера. 

 

 

Loading...

Во првата фаза од пректот учествуваат петнаесет одновни училишта од Македонија, од кои три се од Општина Куманово: ООУ„Крсте Мисирков“, ООУ„Браќа Миладиновци“ и ООУ„Магдалена Антова“.

Предвидени се следниве активности:

Развивање на францускиот јазик во претшколските и школските установи

Изработување на средства за комуникација со цел поттикнување на изборот на францускиот јазик

Организирање на настани за промоција на францускиот јазик, наменети за училиштата и образовните власти

Снабдување на училиштата со информатички средства и педагошки ресурси

Зајакнување на јазичните и дидактички капацитети на професорите преку обуки во Франција

Создавање на мрежа на брендирани училишта « J’aime le français », како и мрежа на билингвални паралелки

Loading...

Развивање на мобилиности на ученици преку територијалните колективитети во Франција