Три сокаци срамнети со земја во кумановско Диво насеље (галерија)

Сподели со своите пријатели

Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население започна со враќање во своите домови, но само во оние делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се запалени основните училишта како што вчера се ширеа шпекулации, ниту пак се познава дека нешто се одвивало таму во последните 48 часа.

Loading...

Но, веќе во делот на улицата Тоде Мендол каде се наоѓа исламската џамија, нема електрична енергија, но 20 до 30 куќи во страничните мали улички се целосно уништени од борбените дејствија на полицијата и вооружените групи.

 

 

Куќуте мирисаат на гареж, наместа се гледаат траги од свежа човечка крв, а некои куќи се целосно запалени како и возила кои биле паркирани за време на дејствата.

Семејствата кои тука живееле во плач се вртат во сопствените дворови, незнаејќи што да направат попрво за да влезат внатре. Стравот од минирани објекти ги спречи сопствениците да навлезат подлабоко во дворовите, затоа што во услови на тотален хаос и немање електрична енергија, решија да ги затворат портите и да си одат до разденување.

– Не знаеме што се случи, што со нас, што со населбата. Ова започна ненајавено. Не знаеме кој пукаше и зошто. Не начекаа на спиење. Кога се спремав за одење во џамија, слушнав истрели и кога излегов надвор, видов полиција која почна да вика по мене да се повлечам дома, вели еден од жителите на ул. Перо Илиевски.

За кратко, настанала вистинска драма, и полицијата според кажувањата на локалните жители ги извлекла семејствата надвор, раскажуваат локалците.

Loading...

– Тие што ги уапсија, не се вистинските сторители на овие злодела. Го упсија локалниот бербер кој едвај крпи крај со крај. Велат бил терорист. Велат тие што пукале биле во Сирија. Каква Сирија, какви лаги? Нашиот комшија е најчесниот човек што го знаеме. Полицијата приведе погрешни луѓе, вели еден од жителите кој живее зад амбулантата ”Перо Чичо”.

Жителите во населбата Тоде Мендол останаа во делот од населбата каде поради борбени дејства, куќите изгледаат како куќите во Вуковар, велат мештаните.

Тие реагираат што полицијата и после сите дејства, си заминала од населбата и ги оставила да се чувствуваат несигурни и незаштитени од упади на луѓе за кои велат дека не знаат ниту од каде дошле ниту зошто го направиле ова, во услови кога Албанците во Куманово живеат можеби просечен, но добар живот, и дека соживотот со Македонците контра сите очекувања, нема да биде нарушен и покрај целата драма низ која поминаа жителите во кумановското Диво Насеље.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *