Три прекршувања на полицискиот час, 81 казна за неносење маска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица во текот на изминатото деноноќие ја прекршиле забраната за движење по 22 часот, додека пак поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето казнаети биле 81 лице во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05.04/06.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 125 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупно издадените прекршочни налози, најмногу се во Куманово 81, во Крива Паланка 34 и во Кратово 10.

За истите, како што појаснуваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 3 (три) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply