Три пожари вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Стан, сува трева и стрниште гореле во три различни пожари во Куманово во текот на изминатото деноноќие.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сува трева вчера горела кај старите Монополни згради на улицата „Доне Божинов“. Таму во период од 13:55 до 15:00 часот интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

На улицата „Иво Лола Рибар“, избил пожар во стан во зграда лоцирана во близина на зелениот пазар. Петмина пожарникари интервенирале во период од 16:40 до 17:30 часот. Како што потенцираат од РЦУК, во пожарот нема повредени лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Последната интервенција на кумановските пожарникари била по полноќ, кога во атарот на селото Романовце горело стрниште. Тројца пожарникари го гаснеле огнот од 00:25 до 1:15 часот.

Во текот на изминатото деноноќие немало ниту еден пожар во општината Старо Нагоричане.

Никола Ивановски