Три пожари вчера во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Три помали пожари се регистрирани вчера на териториите на Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тројца пожарникари од Територијална противпожарна единица Куманово вчера интервенирале на гаснење запален смет во Слупчане во период од 14:45 до 16:30 часот.

Во атарот на селото Пчиња во Куманово вчера горела запалена сува трева. Таму тројца пожарникари интервернирале во период од 22:40 до 23:30 часот.

Во селото Стрновац во Општина Старо Нагоричане горела сува трева,  стрниште и дрвена бандера под напон, а интервенирале противпожарни екипи од двете општини во период од 16:40 до 18:15 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски