Три пожари вчера во Куманово: Гореле плинска боца и оџаци

Сподели со своите пријатели

Три интервенции во изминатото деноноќие бележат кумановските пожарникари, од кои една на запалена плинска боца и две на запалени оџаци.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 12:10 до 12:30 часот тројца пожарникари интервенирале на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ каде се запалил оџак од домот.

Интервенција на запален оџак, кумановските пожарникари имале и на улицата „Иван Ковачиќ“. Таму во период од 15:50 до 16:45 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

На улицата „Панче Пешев“ петмина пожарникари интервенирале поради запалена плинска боца. Интервенцијата започнала околу 15 часот и траела дваесетина минути.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кој победи во Старо Нагоричане

Никола Ивановски