Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првин интервенирале на запалена внатрешна трафостаница во „Ладилник“ во индустриската зона. Таму во период од 07:10 до 10:05 часот интервенирале четворица пожарникари.

Во населбата Средорек се запалила плинска воца. Тројца пожарникари го гаснеле огнот од 15:10 до 15:45 часот.

Во селото Орашац, поточно Бислимската клисура била запалена шума и сува трева. Во период од 17:25 до 18:10 часот интервенирале четворица пожарникарти на ТППЕ Куманово.

Никола Ивановски