Три нови случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 419 оздравени пациенти, а починати 11 лица, соопшти Министерството за здравство.

Loading...

Од новозаразените, во Скопје се 44, во Куманово-три, Дебар-два, Штип-пет, Прилеп-шест, Тетово-три, Велес-четири, Битола-пет, Кавадарци-еден, Гостивар-еден, Струмица-два, Крива Паланка-еден, Делчево-еден, Кратово-еден, Ресен-еден, Неготино-три.

Оздравените пациенти се од Скопје-149, Куманово-28, Штип-19, Прилеп-33,  Тетово-19, Велес-24, Битола-21, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-16, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-9, Радовиш-3, Кочани-5, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-11, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-10.

Починати се двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81804, на оздравени 59650, а на починати 2456. Бројот на активни случаи изнесува 19698.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35281, активни 11265

• Куманово 4667, активни 549

Loading...

• Дебар 616, активни 129

• Штип 3267, активни 288

• Прилеп 4143, активни 609

• Тетово 4709, активни 878

• Струга 1996, активни 350

• Велес 2712, активни 497

• Битола 2986, активни 595

• Охрид 2363, активни 594

Loading...

• Кавадарци 2052, активни 563

• Гостивар 3341, активни 579

• Гевгелија 1128, активни 293 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2274, активни 631

• Крива Паланка 602, активни 112

• Радовиш 603, активни 117

• Крушево 161, активни 71

• Кочани 1577, активни 236

Loading...

• Пробиштип 441, активни 45

• Демир Хисар 234, активни 40

• Македонски Брод 210, активни 25

• Пехчево 145, активни 23

• Берово 488, активни 45

• Валандово 302, активни 59

Loading...

• Виница 442, активни 63

• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 193, активни 22

• Свети Николе 1033, активни 108

• Кичево 1551, активни 245

Loading...

• Ресен 635, активни 141

• Неготино 988, активни 326 (154 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега направени се вкупно 394.329 тестирања на Ковид -19.

Leave a Reply