Три намирници кои треба да ги купите кога ќе стигнете на море

Сподели со своите пријатели

Ако летувате во сопствена викендица или во некој изнајмен апартман сигурно ќе понесете со себе и нешто храна, но совет е овие три намирници да ги купите на местото каде што ќе престојувате.

Лимон

Искорситете ја можноста и набавете си освежително цитрусно овошје откако ќе пристигнете на својата морска дестинација. Домашниот лимон ќе го унапреди вкусот во бројни јадења, за разлика од кинескиот, а пред се добро оди со свежа риба.

Маслиново масло

Летните салати ќе имаат подобар вкус ако ги зачини со домашно маслиново масло. Заминете на пзар и пронајдете локален произведувач на масло за своите кулинарски мајстории. Можеби со овој потег нема да заштедите, но ќе добиете производ кој ќе го разбуди вкусот во јадењата. Имајте на ум дека на одмор нема да потрошите големи количини, но секако купете си шише резерва и понесете го како подарој на семејството кога ќе се вратите.

Свежи јајца

Јајцата сигурно нема да ги носите со себе за да не се расипат, но тоа не значи дека треба да ги избегнувате на одмор. Ако престојувате во сопствена викендица или апартман, наполнете го фриждерот со свежи јајца.