Три лица претепале кумановец и му го украле мобилниот

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец ноќва пријавил дека бил физички нападнат од три лица кои му го одзеле мобилниот телефон.

Loading...

– На 05.01.2023 година во 00.10 часот во СВР Кумново, Ј.П.(36) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека во село Проевце три лица физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово